Регистрирај се Ја заборавив лозинката
Што знаете за себе? Како да го разберете другиот? Можете ли да ги развиете сопствените капацитети? Какви потенцијали постојат во групата? Да ли знаете да споделувате? Што е конфликт и како да го решите? Можете ли да бидете лидер? Да ли сте спонтан и креативен? Што е “стрес-менаџмент”? Да ли сакате да ја откриете “креативната комуникација”? Како да го создадете јавното мислење?
Одговорите на овие и други прашања можете да ги откриете во нашите едукативни и консултативни програми. Јавете се! Tel: +389 02/ 311 23 44 Fax: +389 02/ 311 24 40
Email: stress@chr.com.mktraining@chr.com.mkprojects@chr.com.mkinfo@chr.com.mk
- ПСИХОТЕРАПИЈА НА СТРАВОВИ - Современ третман на паники и фобии
,,Центарот за хумани релации,, е приватна институција, регистрирана во 1994 година за специфични активности на полето на едукацијата и консултациите. Тој е единствен експертски ресурс и тренинг центар за програми во интерперсоналните комуникациски вештини, психотерапијата, едукацијата во уметноста, медиа кампањи, како и спроведување на проекти во полето на хуманата и креативната комуникација.
Генералната ориентација на ,,Центарот за Хумани Релации,, е создавање на нов, интердисциплинарен пристап кон човековата комуникација. Тоа значи дека во исто време можат да се спроведат истражување, планирање, организирање и водење на проекти и програми од специфичен и единствен вид.
Главна цел на ,,Центарот за Хумани Релации,, е овозможување на поединци, групи и јавноста да ја откријат спонтаноста, креативноста и способноста во секојдневниот живот. Да ја покачи колективната свест за важноста на меѓучовечката комуникација во развивањето на здрави, креативни и способни личности во денешната човекова заедница.
ZVONKO DZOKIC`s BOOKS www.zvonkodzokic.com
Креативен процес и психоанализа (англ.)
Моќта на психодрама (англ.)
Кој е следниот (англ.)
Денот на змејот (англ.)