ПСИХОТЕРАПИЈА НА СТРАВОВИ Современ третман на паники и фобии Повеќегодишно искуство во примената на МУЛТИФОКАЛНА КОMБИНИРАНА ПСИХОТЕРАПИЈА (психотерапевтски бренд на Др. Звонко Џокиќ) и висок процент на успех во третманот на:- панични стравови- страв од летање- страв од патување- страв од отворен простор- страв од настап во јавност- страв од затворен простор- страв од болест- страв од смрт- страв од иднина- страв од донесување одлуки- други невротски стравови ОсноваЗа успешен третман кај пореметувањата на стравот потребен е психотерапевтски модел кој е моќен да се справи со интрапсихички содржини кои се „фиксирани“ на повеќе нивоа: емоции, одбрамбени механизми на его, развојни пореметувања, хронични стресни кумулации, психосоматски дисбаланс, потиснати травматски мемории и новосоздадени когнитивно-однесувачки јазли кои се повторуваат кај личноста која страда од ваков тип на пореметување. За МКПМултифокалната комбинирана психотерапија (МКП) ја содржи во себе единствената формула за комбинацијата на психодинамската (психоаналитичка) психотерапија со ЕМДР и стрес менаџментот. Таа нуди специјална дијагностика прилагодена за секој клиент засебно, како и подготовка на автентичен програм (tailor-made) за личноста која страда од ваквото пореметување. Во изминатите години таа забележа највисок процент на успех кај правилно селектирана група на клиенти. За третманотТретманот започнува со првото интервју. Во рамките на интервјуто се истражуваат и пронаоѓаат податоци кои се значајни за процесот на создавање и опстојување кај присутното пореметување на страв. Од нив се креира мапа на содржини кои ја чинат интрапсихичката констелација која треба да биде третирана. На база на ваквата мапа се предлага терапевтскиот план, кој е секогаш автентичен и специфично скроен за соодветната личност... Што доколку не се преземе соодветен психотерапевтски третман?Во таков случај невротските, стресните и травматските содржини ќе тежнеат кон навлегување и закоравување во карактерот на личноста. Ваквите карактерни промени се со тенеденција кон трајни последици, поточно кон опстојување низ целиот натамошен живот и со постојано негативно влијание врз психичката слобода и ефикасноста на личноста. Јавете се!
,,Центарот за хумани релации,, е приватна институција, регистрирана во 1994 година за специфични активности на полето на едукацијата и консултациите. Тој е единствен експертски ресурс и тренинг центар за програми во интерперсоналните комуникациски вештини, психотерапијата, едукацијата во уметноста, медиа кампањи, како и спроведување на проекти во полето на хуманата и креативната комуникација.
Генералната ориентација на ,,Центарот за Хумани Релации,, е создавање на нов, интердисциплинарен пристап кон човековата комуникација. Тоа значи дека во исто време можат да се спроведат истражување, планирање, организирање и водење на проекти и програми од специфичен и единствен вид.
Главна цел на ,,Центарот за Хумани Релации,, е овозможување на поединци, групи и јавноста да ја откријат спонтаноста, креативноста и способноста во секојдневниот живот. Да ја покачи колективната свест за важноста на меѓучовечката комуникација во развивањето на здрави, креативни и способни личности во денешната човекова заедница.
ZVONKO DZOKIC`s BOOKS www.zvonkodzokic.com
Креативен процес и психоанализа (англ.)
Моќта на психодрама (англ.)
Кој е следниот (англ.)
Денот на змејот (англ.)